Интер има намера да го продаде Кондогбија, кој не ги оправда очекувањата на „Џузепе Меаца“, иако минатото лето пристигна како големо засилување.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Нероаѕурите“ минатото лето платија 40 милиони евра за Кондогбија, но Французинот никогаш не ги оправда очекувањата, а оваа сезона дури и добива многу мала минутажа кај Франк де Бур.
Тренерот во иднина нема да смета на него, па јасно е дека Кодогбија е промашена инвестиција за Интер, кој сега се обидува да го продаде и да врати дел од вложените пари.
Медиумите тврдат дека интерес за Французинот покажува Јирген Клоп, кој сака да го доведе на „Енфилд“ и смета дека Премиер лигата би била идеална средина за неговите карактеристики.
Кондогбија има само 23 години и јасно е дека е голем потенцијал, па Ливерпул е спремен да плати 20 милиони евра за неговиот потпис.