Рахим Стерлинг против Бугарија беше мета на домашните навивачи кои расистички го навредуваа, но во Косово ќе добие многу поинаков пречек.
Англија гостува кај Косово во рамките од квалификациите за Европското првенство, а Англичаните стравуваа дека нивните фудбалери можат повторно да бидат мета на расистички навреди.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Но, во Приштина направија голем плакат со ликот на Стерлинг на кој пишува: Добредојде брате.
Секако дека овој потег на Косово ја воодушеви спортската јавност и сигурно дека фотографијата со ликот на Стерлинг ќе дојде и до самиот фудбалер.