Дома Македонски спорт Мак ракомет Во Битола пристигна засилување од белорускиот шампион!

Во Битола пристигна засилување од белорускиот шампион!

РК Еурофарм Пелистер денес објави дека нов ракометар на битолскиот клуб српскиот интернационалец, Дарко Стевановиќ.

Станува збор за 26-годишен лев бек, кој доаѓа во Битола од белорускиот шампион Мешков Брест. Стевановиќ е роден во Лазаревац, блесна во Партизан, настапуваше во Балатонфуреди и Егер во Унгарија, Ал-Араби и Ал-Веда во Катар и неполна сезона во Белорусија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


196-сантиметри високиот Стевановиќ запиша и пет настапи за српската репрезентација. Доаѓа во Битола на обострано задоволство, по кое е потпишан договор заклучно со јуни 2024 година.

Ракометарот веднаш ќе ги започне индивидуалните тренинзи, со оглед на тоа што екипата е веќе во Берлин на натпреварот против Фуксе Берлин во ЕХФ Лига Европа, а од четврток ќе се приклучи кон групата.

Неговото официјално претставување пред медиумите е предвидено кон крајот на неделата. Дебито на Стевановиќ ќе биде дуелот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Еурофарм Пелистер следниот викенд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Момент кој не се виде во ТВ преносот: Погледнете како Винисиус го исмејуваше Кимих

Реал Мадрид вчера го елиминираше Баерн Минхен во полуфиналето од Лигата на шампионите, а В…