Дома Фудбал Во Баерн одлучиле: Преговорите со новиот тренер веќе започнати?

Во Баерн одлучиле: Преговорите со новиот тренер веќе започнати?

Според информациите на германските медиуми, Нико Ковач нема да седи на клупата на Баерн наредната сезона.

Германците пишуваат дека во Баерн се одлучни да направат големи промени, но освен во играчкиот кадар, веројатно ќе направат и промена на клупата.

Во медиумите со сигурност се тврди дека Нико Ковач кој не се снајде најдобро во Минхен наредната сезона нема да го води Баерн, а преговорите со новиот тренер наводно веќе започнале.

Тие откриваат и дека Баерн Минхен веќе го контактирал Зинедин Зидан и му понудиле работа од наредната сезона. Ми претставиле проект и сега е чека неговата конечна одлука.

Ќе потсетиме, Зидан е без ангажман откако го напушти Реал Мадрид кој го преводеше до три титули во Лигата на шампионите и една во првенството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почетино ќе бара засилувања од Челси? Три имиња во фокусот на Јунајтед

Поранешниот главен скаут на Јунајтед, Мик Браун, смета дека Почетино би можел во јануари д…