По првиот натпревар во вториот дел од сезоната екипата на Воска Спорт го отпушти тренерот Миљан Радовиќ, а се очекува негов наследник да биде Срѓан Захариевски.
Во моментов охридскиот клуб има само два бода повеќе од Македонија Ѓорче Петров и Вардар, кои се на последните две позиции на табелата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Захариевски веќе има големо искуство во Првата македонска фудбалска лига, а последниот ангажман му беше во редовите на Струга Трим Лум.
Захариевски во својата тренерска кариера ги водеше и Металург и Пелистер.