Дома Останати Кошарка НБА Вориорси продолжија да редат победи, за Лејкерси не беше доволен ниту трипл-даблот на Џејмс (ВИДЕО)

Вориорси продолжија да редат победи, за Лејкерси не беше доволен ниту трипл-даблот на Џејмс (ВИДЕО)

Голден Стејт Вориорси вчера на свој паркет беа подобри од Јута со резултат 115:108 и така ја продолжија серијата на добри настапи.

Вориорсите добро го отворија натпреварот и ја добија првата четвртина со 25:14. Јута до крајот на полувремето успеваше да го намали заостанувањето на само три поени, беше 47:44 за Голден Стејт.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во продолжение Јута стигна до пресврт и водство па во последната четвртина се замина со 84:81 за гостите. На почетокот на четвртата четвртина пообро отворија гостите кои стигнуваат до седум поени разлика, а потоа Вориорсите со голема серија стигнуваат до пресврт и победа од 115:108.

Кевин Дурант го предводеше Голден Стејт до победа со 28 поени, додека кај гостите Донован Мичел имаше 25 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=glcLmQn4qEQ

Атланта на свој паркет беше подобра од Лос Анџелес Лејкерси со 117:113, а домаќините беа предводени од Џош Колинс и Трае Јанг со по 22 поени.

Леброн Џејмс кај гостите запиша трипл-дабл со 28 поени, 11 скокови и 16 асистенции. Кај Лејкерси ефикасни беа уште Инграм и Кузма со по постигнати 19 поени.

НБА резултати

Атланта – Лос Анџелес Лејкерс 117:113

Мемфис – Сан Антонио 107:108

Њу Орлеанс – Орланд 88:118

Филаделфија – Бостон 109:112

Голден Стејт – Јута 115:108

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Арне Слот потврди: Ќе бидам тренер на Ливерпул следната сезона

Ако имаше некакви дилеми, сега повеќе нема – Арне Слот ќе биде тренер на Ливерпул сл…