Дома Останати Кошарка НБА ВОНСЕРИСКИ: Ѕверот Џејмс Харден сам го победи Мемфис – буквално! (ВИДЕО)

ВОНСЕРИСКИ: Ѕверот Џејмс Харден сам го победи Мемфис – буквално! (ВИДЕО)

harden

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни шест натпревари.

Без никакви дилеми вечерта ја обележи вонсерискиот настап на Џејмс Харден кој продолжува да ги поместува границите. Против Мемфис Харден отиде поентерски најдалеку оваа сезона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Може да се каже сам ја обезбеди победата за неговиот тим бидејќи во триумфот од 112:94 постигна неверојатни 57 поени! Хјустон играше без тројца стартери, Капел, Пол и Гордон.

Немаше никаков проблем, Харден може сам – буквално! Му помоагнаа Риверс со 11 поени, Грин 14 и Хаус со 15.

Последните 11 натпревари на Џејмс Харден поентерски изгледаат навистина страшно: 41, 45, 41, 43, 44, 38, 32, 42, 43, 38, 57.

Харден против Мемфис собори и рекорд по бројот на поени до полувремето, уфрли дури 36 поени. Вакво нешто не направил никој претходно во тимот од Тексас.

Веројатно страшниот Харден ќе ја поминеше и границата од 60 поени, доколку Дантони го оставеше во игра до крајот на натпреварот, но немаше потреба од ризик. Харден беше заменет на четири минути пред крајот.

https://youtu.be/h7rn1QgicAw

НБА резултати:

Бруклин – Бостон 109:102

Хјустон – Мемфис 112:94

Сан Антонио – Шарлот 93:108

Јута – Детроит 100:94

Сакраменто – Портланд 115:107

Лос Анџелес Клиперс – Њу Орлеанс 117:121

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Шок за Мората: Поради необичен проблем може да ја заврши кариерата?!

Фудбалерот на Атлетико Мадрид и шпански напаѓач, Алваро Мората веќе неколку дена не тренир…