Дома Фудбал Останато „Волшебникот“ има нова идеја – Нејмар не е неговиот наследник!

„Волшебникот“ има нова идеја – Нејмар не е неговиот наследник!

neymar ronaldiho

Популарниот „волшебник“, Роналдињо и еден од најдобрите фудбалери во историјата сега го промени мислењето.

Роналдињо долго време веруваше дека Нејмар би можел да биде неговиот наследник и да стане најдобар во светот, сепак сега тој има нова идеја.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Имено, славниот Бразилец е импресиониран од Габриел Хесус.

„Мислам дека е по комплетен, има се, токму како Меси, како Кака или каков што бев јас некогаш“, зборуваше своевремено најдобриот фудбалер во светот.

Многумина веруваат дека овие зборови би можеле да бидат голем терет и притисок над младиот фудбалер кого идол му е токму Роналдињо.

„Не, во никој случај. Тоа се предрасуди, постојат фудбалери кои сакаат големи предизвици и кои знаат како да се носат со притисокот. Габриел Хесус е токму таков, погледнете го неговиот скор против големите тимови, кога постои притисок тој е тогаш дава најмногу. Тој е квалитетот кој како тинејџери го имавме ние, Кака, Роналдо, Нејмар… Хесус има огромен потенцијал“, изјави Роналдињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…