Легендарниот бразилски фудбалер, Роналдињо, изјави дека верува во неговиот поранешен клуб Милан.
Роналдињо после една фантастична авантура во дресот на Барселона во летото 2008 година својата кариера ја продолжи на „Сан Сиро“. Бразилскиот „волшебник“ во Милан помина три сезони и со своите мајстории ги забавуваше фановите на овој клуб.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Откако Роналдињо замина, а со него и уште неколку ѕвезди Милан како да започна да паѓа во домашното првенство. „Росонерите“ веќе неколку години не играат во Лигата на шампионите каде што некогаш беа кошмар за секој противник. Сепак, Бразилецот верува дека Милан наскоро ќе ја врати старата слава.
„Верувам дека Милан наредната сезона ќе ја покаже својата сила. Ќе биде тешко да се избориме за Лигата на шампионите бидејќи пристигнаа многу нови играчи и треба време сето тоа да се сложи. Тоа е тим со голема историја и навистина верувам дека ќе се врати во самиот врв на европскиот фудбал“, изјави Роналдињо.