Најдобриот млад фудбалер сериозно се заканува.
Се ближиме кон крајот на сезоната, некои од најсилните европски лиги како француската и италијанската се веќе завршени. Пари Сен Жермен и Јувентус ја потврдија доминацијата во националното првенство додека во Англија, Германија и Шпанија ќе почекаме уште малку за крунисувањето на шампионот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Фаворит во Шпанија е Барселона и треба да се случи навистина чудо за Каталонците кои имаат девет бода предност во однос на Атлетико Мадрид да не стигнат до титулата.
На последниот натпревар на Барселона Лионел Меси не успеа да се запише во листата на стрелци и остана на 33 голови во првенството.
Неговото отсуство добро знаеше да го наплати Килијан Мбапе кој одигра одличен натпревар против Монако во француската Лига 1 и постигна хет-трик и така стигна до бројката од 30 голови во домашното првенство.
Разликата помеѓу Меси и Мбапе сега е само три голови, а младиот Французин може да се надева и поради тоа што Барселона ја очекува полуфинале против Ливерпул во Лигата на шампионите и поради тоа се очекува Валверде да го одмори Аргентинецот во некој натпревар како пред две кола против Хуеска.
Пет кола до крајот, три гола разлика – ќе има ли Мбапе сили да го симне Меси од тронот и да стане нов „крал“ на стрелците?