Дома Останати Тенис Внимавајте се шири опасна измама со името на Ѓоковиќ, се огласи адвокатот на српскиот тенисер

Внимавајте се шири опасна измама со името на Ѓоковиќ, се огласи адвокатот на српскиот тенисер

Новак Ѓоковиќ неодамна ја освои својата 24. грен-слем титула, а потоа на Србија и донесе и важна победа во Дејвис Купот, но неговиот тим истовремено се бори со измамите кои го загрозуваат неговиот бренд и имиџ.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Имено, ликот на Ѓоковиќ се користел за лажни реклами, по тој повод се огласи и адвокатот на Ѓоковиќ, Горан Драниќ кој сакаше да ги предупреди луѓето на измамите.

„Сакаме да ја предупредиме јавноста во Србија и регионот дека во последно време се забележани обиди на сајбер криминални групи за незаконско искористување на името и ликот на Ѓоковиќ за имами преку интернет.

Повеќе интернационални сајбер криминални групи, преку лажни огласни пораки интезивно пласира невистините рекламни содржини во кои наводно учествува Новак Ѓоковиќ“, стои во соопштението.

Се појаснува дека најчесто се користи невистинита реклама која го поврзува Ѓоковиќ со наводна платформа на „Газпром“ на која се убедуваат луѓето да вложат свои пари за да добијат повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сабаленка ги „запали“ социјалните мрежи, погледнете како ќе настапи на Ролан Гарос (Видео)

Светската тенисерка број еден, Арина Сабаленка, повторно е во центарот на вниманието, овој…