Дома Македонски спорт Мак фудбал ВМФЛ – Исток: Победа и Слога Виница играат дерби за врвот на табелата!

ВМФЛ – Исток: Победа и Слога Виница играат дерби за врвот на табелата!

Како и во ВМФЛ – Запад денес имаме дерби и во ВМФЛ – Исток и тука играат првопласираниот и второпласираниот.

Слога Виница откако во минатото коло се врати на врвот на табелата сега ја пречекува Победа на свој терен и ова еден од оние натпревари кои важат „шест бода“. Слога Виница е лидер со 28 бода, Победа има 26. Сигурно дека и двете страни ја посакуваат победата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Третопласираната Каменица Саса која исто така е блиску со 24 бода ќе биде фаворит на гости кај Детонит. Беласица на табелата има само бод помалку од Саса, а тие денес на свој терен ќе се сратнат со Кожува.

Во останатите средби Кораб игра против Беса, Гостивар го пречекува Кадино и Осогово гостува кај Градско. Сите натпревари се играат од 13:00 часот.

Фото: ФК Победа

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…