Дома Македонски спорт Мак фудбал Влахо: Не ги искористивме шансите и бевме казнети

Влахо: Не ги искористивме шансите и бевме казнети

На стартот од третиот круг Работнички изгуби од Академија Пандев со 0:2.

За стратегот на Работнички, Александар Влахо клучен момент најверојатно бил нереализираниот пенал на зимското засилување од Борец, Никола Прелчец.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Од секој пораз треба да се извлече поука. Ако не ги искористите шансите, противникот сигурно ќе ве казни. Работнички создаде неколку шанси, но немавме реализација. Академија Пандев е квалитетен тим и знаеше тоа да го казни. Честитки за нивната победа. Мислам дека клучен момент беше нереализираниот пенал на истекот од првото полувреме. Тоа на гостите им влеа дополнителна самодоверба. Но, го оставаме поразот зад себе и веќе размислуваме за следниот меч, гостувањето во Струмица и дуелот против Беласица“, изјави Влахо за клупскиот сајт на Работнички.

Фото: ФК Работнички

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Женските фудбалски надежи ќе учествуваат на УЕФА турнир во БиХ

Младата женска репрезентација на Македонија до 16 години во периодот од 16 до 24 април уче…