Душан Влаховиќ вчера го реализираше трансферот во Јувентус вреден 75 милиони евра.
Влаховиќ за Јувентус потпиша на денот на неговиот 22-роденден и порача дека токму затоа ова е еден од неговите најсреќни родендени.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ова е еден од најсреќните родендени, специјален ден за мене, сакам да продолжам по овој пат и да ги направам среќни клуѓето во клубот. На располагање сум на теренот и соиграчите ќе се бориме до последната секунда и нема да се предадеме. Сакаме да бидеме најдобри во иднина и мораме да го оствариме. Овој клуб е гордост, традиција и семејство“, изјави Влаховиќ.
Ќе потсетиме Влаховиќ се поврзуваше со повеќе клубови, сериозен интерес имаше и од Арсенал, меѓутоа и неговиот агент потврди дека српскиот голгетер не размислувал многу кога пристигнала понудата од Фиорентина.