Дома Фудбал Италија Влаховиќ: Дојдов во најголемиот клуб во Италија, Јувентус не чека никого

Влаховиќ: Дојдов во најголемиот клуб во Италија, Јувентус не чека никого

Душан Влаховиќ е трансферот кој го одбележа овој преоден рок, српскиот голгетер за сума од 70 милиони евра премина од Фиорентина во Јувентус.

Денес Јувентус го претстави Влаховиќ пред навивачите.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Многу сум возбуден, потпишав за славен и голем клуб . Подготвен сум да дадам се од себе за да постигнам одлични резултати. Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе во Јуве кои работеа да ме доведат овде Да бидам искрен, дресот со број 7 не ми значи ништо. Го избрав овој број бидејќи беше најблиску до 9.

„Изборот на Јуве беше лесен, во ДНК на Јуве е желбата за победа, никогаш да не се откажуваш и да се бориш до крај, дури и кога треба да страдаш. Ова е и мојот менталитет, па изборот беше природен. Јувентус е најголемиот клуб во Италија, многу сум среќен што сум овде. Сакаме да се подобриме и да се стремиме кон највисоките цели. Јас сум во Јуве, нема повеќе изговори. Јуве не чека никого, ќе мора да бидам подготвен веднаш.

„Ќе се обидам да се вклопам во шемите и групата што е можно поскоро, како што кажав. Сè што е важно овде е победата. Моето деби во Лигата на шампионите секако ќе биде една посебна емоција“, изјави помеѓу другото Влаховиќ.

Влаховиќ на претставувањето испрати и благодарност до Фиорентина за се што овој клуб направил за него во престојот во Фиренца.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пикфорд во натпреварот против Србија израмни рекорд

Репрезентацијата на Англија вчера ја победи Србија со 0:1 во натпреварот кој се играше во …