Белгискиот репрезентативец Аксел Витсел ова лето реши да ги остави кинеските милиони и кариерата да ја продолжи во Европа, па се пресели во Борусија Дортмунд.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Витсел фантастично ја започна својата авантура во Дортмунд и тврди дека тоа било најдобриот потег кој го направил во кариерата.
„Трансферот во Борисија беше најдобрата одлука во мојата кариера. Никогаш претходно не сум играл во тим со толку добри играчи. Исто така Дортмунд е идеално место за мене и моето семејство“, истакна Витсел.
„Добро ја отворивме сезоната и остваривме голема победа против Баерн, но рано е да зборуваме за титулата. Треба да го задржиме континуитетот и да работиме уште посилно“, додаде Белгиецот.
Висетл оваа сезона има 17 настапи во Бундеслигата на кои постигна 3 гола. Претходно играше уште за Стандард, Бенфика, Зенит и Тијанжин.