Дома Фудбал Останато „Вистинскиот“ Роналдо открива зошто ја напуштил Барселона после само една сезона

„Вистинскиот“ Роналдо открива зошто ја напуштил Барселона после само една сезона

ronaldo

„Стариот“ или „вистинскиот“ Роналдо како што многумина сакаат да кажат одлучи да зборува за своето време поминато во Барселона.

Зошто Бразилецот за кого Барселона во тоа време плати 47 милиони евра што беше светски рекорд замина после само една сезона помината на „Ноу Камп“?


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Проблем бил новиот договор, Роналдо барал повеќе отколку што заработувал, па Барселона одлучила да го продаде иако Роналдо беше избран за ФИФА играч на годината. Во Каталонија сметале дека тој не вреди толку колку што бара.

Денес пензионираниот Роналдо истакна дека Реал му е повеќе драг клуб од Барселона.

„Се чуствував поважен во Мадрид и повеќе сум им благодарен иако најдобарата сезона во кариерата ја одигра во Барселона. На крајот на мојата ера во Барселона стана навистина лошо, нешто слично како сега со Нејмар“, изјави Роналдо во интервјуто за „Esporte Interativo“.

Потоа тој наведе уште два слични примера на негови сонародници кои морале да заминат од Барселона.

„Управата на Барселона истото го направи и со Ромарио, а потоа и со Роналдињо“, истакна Роналдо, мислејќи на тоа дека Ромарио замина после расправијата со Јохан Кројф, а Роналдињо наводно поради неспортскиот начин на живот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пикси мотивиран: Зошто да се плашиме? – Ќе ја нападнеме Англија!

Вечерва репрезентацијата на Србија ќе го игра својот прв натпревар на Европското првенство…