Ваков договор навистина е реткост во денешниот фудбал.
Атлетик Билбао денес го продолжи својот договор со одличниот фудбалер Инаки Вилијамс. За да ја обезбеди својата иднина на „Сан Мамеш“ фудбалерот го потпиша еден од најдолгите договори во современиот фудбал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, Вилијамс кој има договор со Билбао потпиша договор до 2025 година, што значи дека има важност од седум ипол години.
Со новиот договор клубот ја зголеми и откупната клазула на фудбалерот која сега изнесува 80 милиони евра, додека со претходниот договор истата изнесуваше 50, но како што одминуваат годините од договорот таа ќе расте се до највисоките 108 милиони евра во споменатата 2025 година.
Инаки Вилијамс до овој момент за Билбао одигра 132 натпревари и постигна 28 погодоци.
DONE DEAL: Iñaki Williams has signed a new 7 and-a-half-year contract at Athletic Bilbao until June 2025. His new release clause is €80m. pic.twitter.com/AQLcyj9uSQ
— Transfer Related (@TransferRelated) January 17, 2018