Дома Фудбал Италија Виртуелна табела: Еве како изгледа врвот во Серија А од кога Ибра е во Милан

Виртуелна табела: Еве како изгледа врвот во Серија А од кога Ибра е во Милан

Ибрахимовиќ игра како во најдобрите денови и е вистински лидер на Милан кој е лидер во Серија А.

Колкаво значење има Ибрахимовиќ за Милан најдобро зборува податокот кој сега го пласираа италијанските медиуми. Имено, Милан е тимот со најмногу освоени бодови во Серија А од кога во нивниот тим е Ибра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На една таква виртуелна табела, Милан е прв со 61 бод, Аталанта втора со 59, Јувентус трет со 52 колку што има и Лацио, а потоа следуваат Интер (51) и Наполи (50).

Оваа информација е добра прилика и да потсетиме што изјави Ибрахимовиќ во финишот на минатата сезона по дербито со Јувентус.

„Ако јас бев тука од почетокот на сезоната Милан ќе се бореше за Скудетото“…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лопетеги може да се врати во Премиер лигата

Шпанскиот тренер Јулен Лопетеги би можел повторно да работи во Премиер лигата. Имено, Вест…