Дома Фудбал Винисиус со една фотографија стави крај на шпекулациите за односот со Бензема

Винисиус со една фотографија стави крај на шпекулациите за односот со Бензема

Фудбалерите на Реал Мадрид вчера на свој терен го победија Интер со 3:2.

„Кралевите“ успеаа во финишот од натпреварот да дојдат до победа, а херој беше Родриго кој го постигна голот за 3:2. Асистент за тој гол беше Винисиус Жуниор кој влезе од клупата за резерви во второто полувреме.

Винисиус беше во центарот на вниманието на медиумите неколку дена претходно поради видеото во кое Бензема зборува за него на полувремето против Мехенгладбах. Ќе потсетиме, Бензема му зборуваше на Менди да не му додава на Винисиус.

Меѓутоа ако имало некаков конфликт тој сега е зад нив, тоа го докажа Бразилецот со објавената фотографија на Инстаграм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пеколен распоред само што почнува, а Барселона би можела да остане без најдобриот стрелец

Одличниот Бразилец беше заменет на полувремето од натпреварот против Австралија поради неу…