Џек Вилшер и понатаму е слободен играч и тренира со Арсенал, но Артета смета дека се уште не е спремен за да потпише официјален договор.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Вилшер сака професионално да се врати на фудбалот, се најавуваше дкеа може да потпише договор со Арсенал. Но, иако подолго време тренира, договор се уште нема. Новинарите го запрашаа зошто не потпишува нов договор, а Вилшер беше искрен.
„Не потпишувам затоа што тренерот не сака да потпишам. Јас сакам да бидам играч на Арсенал. Сепак, јас сам не одлучувам и немам контрола над таа ситуација“, изјави Вилшер.