Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов и официјално се врати во Шалке. Тој доаѓа како позајмен играч до крајот на сезоната, со опција и за комплетен откуп на договорот.
Чурлинов се враќа во Шалке, каде ја доживеа својата фудбалска афирмација, а германскиот клуб не го крие задоволството.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Дарко е токму таков играч што баравме да го донесеме во овој тежок зимски трансфер период. Тој е бестрашен, сака да се соочува со противниците и ќе не направи понепредвидливи како состав. Никогаш досега не сум видел играч толку мотивиран и подготвен за предизвик како што е сега. Тој ќе ги плени и тимот и навивачите. Сигурен сум во тоа откако разговарав лично со Дарко и поради сите информации што ги собравме за него“, истакна директорт на Шалке, Марк Вилмотс.