Дома Останати Тенис Виландер: Федерер го плаќа данокот затоа што до 2007 година му беше прелесно

Виландер: Федерер го плаќа данокот затоа што до 2007 година му беше прелесно

Познатиот шведски тенисер Матс Виландер не може да се носи со Новак Ѓоковиќ затоа што во клучните моменти не игра добар тенис.

Роџер и Новак играа во финалето на Вимблсон, Швајцарецот беше на чекор од освојување на титулата бидејќи во петтиот сет при водство од 8:7 имаше две меч топки на свој сервис, меѓутоа српскиот тенисер успеа да ги спаси и двете и во продолжение да го одбрани трофејот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Виландер истакнува дека на Федерер ова не му е прв пат да пропушти ваква прилика и дека тоа му се случува и кога игра против Рафаел Надал.

„Федерер го плаќа данокот за перидот од 2004 до 2007 кога доминираше во однос на конкуренцијата толку многу што не мораше ниту да се испоти кога се играа важните поени. Му беше прелесено и не мораше да напредува на тактички план, но денес против Ѓоковиќ и Надал кои се господари на теренот не игра добро во најважните поени“, изјави Виландер во интервју за магазинот „Тим“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ја објасни разделбата со Иванишевиќ: Не знам дали ќе имам нов тренер

Новак Ѓоковиќ во Белград зборуваше за разделбата со Горан Иванишевиќ и истакна дека помеѓу…