Дома Топ вести Викенд за заборав: Прво загуби дерби, па имаше средба со дива свиња и заврши во болница!

Викенд за заборав: Прво загуби дерби, па имаше средба со дива свиња и заврши во болница!

Тренерот на Валенсија, Марселињо нема по добро да го памети крајот на 2017 година, иако оваа сезона остварува одлични резултати со „лилјаците“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Годината ја заврши со пораз во локалното дерби против Виљареал, сепак тоа не беше најлошото што му се случи на Марселињо овој викенд.

Шпанскиот стратег утрово од Валенсија тргнал со својот автомобил во Астурија, родниот крај каде што живее неговото семејство. На патот низ Баскија, од Логроња до Билбао имаше сообраќајна незгода откако на патот му се испречи дива свиња!

Сударот бил неизбежен па шпанскиот тренер заврши во болница на лекарски прегледи и санирање на полесните повреди.

Од клубот соопштија дека се е во ред со Марселињо и дека е отпуштен од болница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пропуштениот пенал не му пречеше на Мбапе да ја однесе Франција до полуфиналето

Франција повторно е на полуфинале на светското првенство трет пат по ред. Како ПАМЕТНО да …