Дома Останати Кошарка НБА Визардси ја продолжија серијата, Јута на победа од полуфиналето

Визардси ја продолжија серијата, Јута на победа од полуфиналето

Вашингтон Визардс и Јута запишаа победи во вчерашните натпревари во НБА лигата.

Визардси на свој паркет беа подобри од Филаделфија со резултат 122:114 и намалијан а резултатот во серијата на 3:1.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


На отварањето се изгледаше на четврта победа на Филаделфија во серијата. Одлично Филаделфија влезе во мечот, а потоа дојде до повреда на Џоел Ембид. Ембид одигра нешто повеќе од 11 минути и не се врати во игра, а до крајот на мечот Визардси максимално го користеа тоа што не игра најголемата противничка ѕвезда, па дојдоа до победа и намалија на 3:1.

Бредли Бил ги предводеше Визардси до победата со 27 поени, Руи Хачимур додаде 20 поени и 13 скококови, Расел Вестбрук имаше нов трипл-дабл со 19 поени, 21 скока и 14 асистенции.

Кај Филаделфија Тобијас Харис уфрли 21 поен и украде 13 топки.

Јута по втор пат го победи Мемфис, но овој пат резултатот беше 120:113. Така најдобриот тим од регуларниот дел од сезоната ја зголеми предностан а 3:1 и на свој паркет ќе има можност да обезбеди пласман во полуфиналето на Западната конференција.,

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Роналдо го доби Јувентус на суд, ќе добие 19 милиони евра

Кристиано Роналдо го доби судискиот спор против неговиот поранешен клуб Јувентус за неиспл…