Дома Фудбал (Видеo) Грешката во одбраната „скапо“ ја платија – Леванте без Барди до бод на „Бернабеу“

(Видеo) Грешката во одбраната „скапо“ ја платија – Леванте без Барди до бод на „Бернабеу“

Денес со почеток од 13:00 часот во рамките од третото коло во шпанското првенство својот натпревар го одиграа екипите на Реал Мадрид и Леванте.

„Кралевите“ беа апсолутно подобар ривал од гостите, но сепак не успеаа да стигнат до трите бода. Работите не започнаа баш најдобро, напаѓачот на Леванте Иви успеа да ја казни грешката во одбраната на Реал Мадрид  и после едно уфрлување од аут да погоди за изненадувачка предност на гостите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Избраниците на Зинедин Зидан после овој погодок започнаа да играат нешто подбро, создаваа шанси пред голот на Фернандез, но погодок немаше. Реал пред нов проблем се најде во 27 минута кога се повреди Карим Бензема, на негово место во игра влезе, Герет Бејл. Oваа повреда доколку е посериозна, може да донесе дополнителни проблеми и во наредните натпревари, бидејќи Бензема во овој момент е единствениот класичен напаѓач во тимот.

Токму, Бејл кој како што споменавме го замени Бензема, влезе во огромна шанса во финишот од првиот дел и излезе еден на еден против со голманот на гостите, кој излезе како победник.

Во вториот дел Леванте се повлече, Реал имаше иницијатива, која беше засилена во последните петнаесетина минути, но мрежата на Фернандез не се тресеше по втор пат. Нешто слично како и во првиот дел, Бејл повторно влезе во одлична шанса во последните минути од средбата, овој пат тој со глава упати удар кој заврши покрај голот.

На две минути пред истекот на регуларните 90 минути Бразилецот, Марсело, поради неспортски потег заработи исклучување.

Македонецот од редовите на Леванте, Енис Барди, во овој натпревар не доби шанса.


Ivi Lopez Goal vs Real Madrid 0-1 by maksimdimow


///// by livefutbolll

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…