Дома Фудбал Видето: Детал кој не можевте да го видите – Бонучи и Киелни се скараа поради Меси!

Видето: Детал кој не можевте да го видите – Бонучи и Киелни се скараа поради Меси!

Зачудувачка и помалку неверојатна ситуација се случи на мечот помеѓу Барселона и Јувентус кој се играше синоќа на „Камп Ноу“.

Главен јунак на оваа интересна ситуација беше дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи кој го бараше дресот од Лео Меси, а натпреварот сеуште не беше завршен. Бонучи беше непремостлива препрека за напаѓачите на Барса, но сепак на крајот сакаше да го добие дресот на Меси.

Пред самиот крај на натпреварот Бонучи викна по Меси со молба да ги разменат дресовите на крајот, меѓутоа тоа не му се допадна на Џорџо Киелини, кој го оттурна Бонучи.

Тоа го забележаа камерите, но на крајот сепак му се исполни желбата на Бонучи и го размени дресот на Лео Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Паладино го покани Антонели во Болоња, но ја сопира еуфоријата пред Парма

Тренерот на Болоња сака новиот шампион во Формула 1 да го посети клубот за кој навива. По …