Дома Останати Кошарка Видео: 41 поен на Харден не беа доволни, шампионот до „брејк“ – Томпсон и Дурант одлични

Видео: 41 поен на Харден не беа доволни, шампионот до „брејк“ – Томпсон и Дурант одлични

Кошаркарите на Голден Стејт стигнаа до брејк и поведоа со 1:0 во финалната серија на Западот против Хјустон 106:119.

Најзаслужни за победата на бранителот на трофејот беа Кевин Дурант и Клеј Томпсон. Дурант во текот на целиот натпревар прикажуваше одлична игра, а на крајот натпреварот го заврши со 37 поени, додека Томпсон во пресудните моменти погодуваше шутеви за три поени. Одличниот шутер на крајот запиша 28 поени.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Покрај овие двајца Стеф Кари уфрли 18 поени, запиша шест скокови и додаде осум асистенции, а Дрејмод Грин пет поени, девет скокови и една асистанција.

На Хјустон не му помогна ниту одличниот настап на Џејмс Харден кој натпреварот го заврши со 41 поен, четири скока и седум асистенции. Зад Харден следуваше Крис Пол со 23 поени и 11 скокови, па Ерик Гордон со 15 поени и пет скокови и Клинт Капел со 12 поени и шест украдени топки.

Следниот натпревар на програмата е помеѓу среда и четврток со почеток од три часот по наше време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…