Дома Фудбал Англија Видео: Њукасл ја прекина црната серијата и тоа против Јунајтед, Бенитез го „нокаутираше“ Мурињо

Видео: Њукасл ја прекина црната серијата и тоа против Јунајтед, Бенитез го „нокаутираше“ Мурињо

Во терминот од 15:15 својот натпревар од Премиер лигата го одиграа екипите на Њукасл и Манчестер Јунајтед.

Избраниците на Жозе Мурињо доживеаа непријатно изненадување на „Сент Џејмс Парк“. Њукасл ги совлада „ѓаволите“ со минимален резултат 1:0.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Јунајтед не беше убедлив во текот на целиот натпревар посебно во првиот дел кога не создаде ниту еден вистинска шанса за погодок.

Во вториот дел бевме сведоци на нешто слична игра. Се играше на средината од теренот, со по некоја шанса и на двете страна. Њукасл успеа да искористи еден прекршок во 65 минута.  Следуваше нафрлување, Гаја спушти на 11 метри, топката стигна до Ричи кој го совлада Де Геа.

Јунајтед и после овој пораз ќе остане на втората позиција, но сега разликата со третопласираниот Тотенхем ќе биде само четири бода, а пет од Ливерпул кој се наоѓа на четвртата позиција.

За Њукасл ова беше прва победа пред домашната публика после пауза од осум натпревари

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…