Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: Јуве рутински, „граѓаните“ се намачија

Видео: Јуве рутински, „граѓаните“ се намачија

Јувентус оствари рутинска победа против Јанг Бојс со хет-трикот на Пауло Дибала, додека Манчестер Сити потешко од очекуваното дојде до трите бода против Тотенхем.

Во Торино вечерва публиката гледаше Дибала-шоу. Аргентинецот го отвори резултатот уште во 4-та минута со одличен волеј удар, а во 33-та минута го зголеми водството на 2:0.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус беше доминантен во текот на целиот меч и создаде многу шанси, а Дибала во 69-та минута го комплетираше хет-трикот за конечни 3:0.

Мечот против Хофенхајм започна шокантно за Манчестер Сити, откако Белфодил уште во првата минута му донесе предност на домаќините. Сепак, само седум минути подоцна Агуеро ги врати „граѓаните“ во живот.

Тимот на Гвардиола домнираше, креираше шанси, но никако не успеваше да го совлада домашниот голман. Во 72-та минута судијата Скомина не досуди пенал за Манчестер Сити, а голот за големи три бода го постигна Давид Силва во 87-та минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Билд: Ова е тајниот список на Баерн со играчи кои сакаат да ги донесат

Во тековната сезона, за прв пат по 12 години, Баерн остана без ниту еден трофеј. Во Бундес…