Дома Останати Кошарка НБА Видео: Јокиќ со трипл-дабл го сруши Кливленд, нова „луда“ партија на Харден

Видео: Јокиќ со трипл-дабл го сруши Кливленд, нова „луда“ партија на Харден

Минатата ноќ во НБА најмногу внимание привлекоа натпреварите на Денвер и Кливленд (124-102), како и на Хјустон и Лејкерс (138-134).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Никола Јокиќ беше централна фигура кај Дневер кој славеше победа против Кливленд 124-102. Јокиќ го запиша шестиот „трипл-дабл“ сезонава со 19 поени, 11 скока и 12 асистенции. Најефикасни кај победничката екипа Џамал Мареј со 26 поени.

Џејмс Харден продолжи со одличните настапи, па синоќа во триумфот од 138-134 на Хјустон против Лејкерс постигна неверојатни 48 поени, шест асистенции и осум скокови.

Во останатите натпревари, Торонто го совлада Мемфис со 119-90, Мајами беше подобар од Чикаго со 117-103. Атланта како домаќин беше поразена од Бостон со 105-113, а во Орландо триумфираше Милвоки со 118-108. Додека Далас беше поразен од Индијана со 99-111.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Бомба од НБА: Една грешка го откри новиот клуб на Леброн!

Откако Леброн Џејмс (41) ги извести Лејкерс дека ќе го напушти клубот, едно од главните пр…