Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни девет натпревари.
Неверојатниот Никола Јокиќ повторно го предводеше Денвер до нова победа, овој пат против Детроит (120:113).
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јокиќ повторно оствари трипл-дабл и ова беше негов осми оваа сезона во НБА лигата. Србинот натпреварот го заврши со 23 поени, 12 скокови, 10 асистенции, 3 блокади и 1 украдена топка.
Најефикасен на натпреварот беше Блејк Грифин со 26 поени, девет асистенции и шест скокови, но тоа не беше доволно за Детроит да го избегне поразот. Во Денвер покрај Јокиќ одлични беа Мареј со 26 поени и Бартон со 23 поени.
Дрејмонд за Детроит оствари дабал-дабл учинок од 21 поен, 17 скокови и две асистенции.
Хјустон остана на лидерската позиција благодарение на новата победа над Клиперси од 101:96. Џејмс Харден стигна до учинок од 24 поени, седум асистенции пет скокови, додека Клинт Капел имаше 19 поени, 12 скокови и дури шест блокади. На друга страна Тобијас Херис уфрли 29 поени, Остин Риверс 20, Деандре Џордан 18.
Кливленд со поразот од Портланд (113:105) си го доведе четвртото место во прашање.
Домаќинот беше предводен од одличниот тандем Лилард-Меколум Лилард натпреварот го заврши со 24 поени, додека Меколум со 29 поени. На Кливленд не му помогна одличниот настап на Леброн Џејмс со 35 поени, 14 скокови и шест асистенции.
За Портланд ова беше 11 победа во низа со која се искачи на третата позиција на Западот, на другата страна Кливленд е четврти со само победа помалку од Индијана.
НБА резулати
Индијана – Торонто 99:106
Атланта – Шарлот 117:129
Њујорк Никси – Филаделфија 110:118
Хјустон – Лос Анџелес Лејкерси 110:96
Мемфис – Чикаго 110:111
Сан Антонио – Њу Орлеанс 98:93
Денвер – Детроит 120:113
Јута – Феникс 116:88
Портланд – Кливленд 113:105