Изминатата вечерв во НБА лигата се одиграа седум натпревари.
Денвер влегува во се подобра форма и се поблиску се до плеј-офот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Наџентси повторно беа предводени од одличниот Никола Јокиќ кој беше на чекор од нов трипл-дабл. Србинот за 32 минути поминати на паркетот постигна 15 поени, запиша 16 скокови и додаде седум асистенции.
Покрај Јокиќ во победата од 121:104 против Шарлот одлични беа уште Гери Херис со 27 поени, Бартон и Мари уфрлија по 18. Натпреварот беше одлучен во третата четвртина која Денвер ја доби со 12 поени разлика. На сругата страна Кемба Вокер уфрли 20 поени, додека Двајт Хаурард еден помалку.
Прв пат уште од сезоната 2006/2007 Сакраменто славеше над Чикаго Булс во регуларниот дел од сезоната 104:98.
Сакраменто во еден момент губеше и со 21 поен разлика, но тука се разбуди одличниот Богдан Богдановиќ кој со 15 поени ги предводеше Кингсите до пресврт и победа, а клучната тројка ја погоди при резултат 96:96 на точно 52 секунди пред крајот.
Богдановиќ покрај 15 поени запиша уште четири скока исто толку асистенции, а зад него следуваа Жорџ Хил со 14 поени и Герет Темпл со 12. Во редовите на Чикаго најефикасен беше Лавин со 27 поени, а потоа следуваа Холедеј со 20 и Портис со 18.
И Хрватот Бојан Богдановиќ имаше одлична вечер иако неговиот тим загуби. Индијана беше поразена со 102:111 во натпреварот против Вашингтон, а Богдановиќ беше најефикасен на овој натпревар со 29 поени, две асистенции и четири скока.
НБА Резултати:
Детроит – Портланд 111:91
Индијана – Вашингтон 102:111
Мајами – Орланд 109:111
Њу Орлеанс – Јута 109:133
Денвер – Шарлот 121:104
Сакраменто – Чикаго 104:98
Лос Анџелес – Далас 104:101.