Никола Јокиќ одигра уште еден фантастичен натпревар и против Хјустон постигна беше на чекор од трипл-дабл.
Српскиот центар во победата од 136:122 имаше учинок од 31 поен, 13 скокови и 9 асистенции.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јокиќ пред овој натпревар доби место во резервите за „Ол-Стар“ натпреварот, а сега уште еднаш покажа дека се во право.
Во извештајот од натпреварот од „Пепси Центарот“ американските медиуми најмногу потенцираа дека Џејмс Харден го одигра 30-тиот натпревар во низа на кој постигнал 30 или повеќе поени што подвиг кој секако заслужува внимание.
Најефикасен на натпреварот беше Малик Бизли кој со 35 поени постави личен рекорд.
Меѓутоа Јокиќ беше централна фигура бидејќи освен што поентираше учествуваше во секој сегмент од играта на својот тим.
Личен рекорд во натпреварот кој очигледно малку се внимаваше на одбраната постави уште еден играч на Наџентси, Тори Крејг со 22 поени.
За Денвер ова беше прва победа над Хјустон после девет порази во низа со што се изедначи на врвот на Западната конференција со Голден Стејт (скор 36:15).
НБА резултати:
Шарлот – Мемфис 100:92
Њујорк – Бостон 99:113
Мајами – Оклахома 102:118
Јута – Аталанта 128:112
Денвер – Хјустон 136:122