Дома Фудбал Останато Видео: Шоу на Жиру во Лига Европа, Валенсија се спаси во последна минута

Видео: Шоу на Жиру во Лига Европа, Валенсија се спаси во последна минута

Челзи, Наполи и Валенсија се првите четвртфиналисти во Лига Европа. Англискиот тим победи со 5:0, додека Валенсија се спаси во судиското продолжение.

Челзи со високи 5:0 победи на гостувањето кај Динамо Киев, а свое шоу имаше Оливие Жиру кој постигна хет-трик. „Сините“ поведија во 5-та минута преку Французинот, кој дваесет минути подоцна зголеми на 2:0, а до крајот на полувремето и Алонсо погоди за 3:0.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во второто полувреме Жиру го комплетираше хет-трикот, а точка на натпреварот стави младиот Ходсон Одој.

Исклучително интересно беше на натпреварот помеѓу Краснодар и Валенсија, откако првиот дуел заврши со резилтат 2:1.

Се се случи во последните десетна минути. Најпрво Сулејманов во 85-та минута постигна фантастичен гол за 1:0, резултат што ги носеше домаќините во четвртфинале. Меѓутоа, Валенсија успеа во 93-та минута да постигне гол преку Гуедес за пласман во следната фаза.

Салцбург на домашен терен го победи Наполи со 3:1, но тоа не беше доволно бидејќи италијанскиот клуб во првиот меч победи со 3:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…