Дома Останати Кошарка Видео: Шампионот до победа со +46, Хрватите одлични, страшниот Дејвис повторно играч на вечерта

Видео: Шампионот до победа со +46, Хрватите одлични, страшниот Дејвис повторно играч на вечерта

nba

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа шест натпревари.

Голден Стејт ја потврди фаворитската улога и убедливо славеше над Феникс Санси со 129:83 и на тој начин им го нанесоа шестиот пораз на Санси.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Неизвеснот имаше само во првата четвртина која Вориорсите ја добија со 25:24. Потоа следуваше вистинска агонија за гостите. Шампионот погодуваше од сите позиции и на крајот славеа со 46 поени разлика.

Кари постигна 22 поени и запиша девет скокови и девет асистенции, Каспи додаде 19, Дурант 17, а Томпсон 16. На другата страна Елфрид Пејтон беше далеку најефикасен со 29 поени, осум скокови и пет асистенции.

Во редовите за шампионот на овој натпревар не настапи Дрејмонд Грин.

Орландо во неизвесен натпревар запиша од Булсите во „Јунајтед Центарот“ (105:101), но Хрватот Марио Хезоња покажа дека е во одлична форма и беше најдобар поединец во редовите на гостите.

После првата четвртина во која двете екипи се менуваа со водството, Чикаго имаше нешто повеќе водство но не успеваше да се одвои. Дури во третата четвртина успеаа да направат двоцифрена разлика, но не поголема од 11 поени.

Марио Хезоња со 24 поени беше најефикасен во својот тим. Покрај поените додаде шест скокови, четири украдени топки и три блокади. На другата страна најефикасен беше Финецот Лаури Марканен со 21 поен.

Лос Анџелес Клиперси одиграа одлично во Бруклин ги совладаа домаќините со 111:101 и така стигнаа на чекор од плеј-офот.

Милош Теодосиќ на паркетот за Лејкерси помина 15 минути и за тоа време уфрли седум поени и подели четири асистенции. Во редовите на победникот најефикасен беше Лу Вилијамс со 20 поени, додека во тимот на Бруклин по 16 поени постигнаа Џо Херис и Дианџело Расел.

Вечерта ја обележи фантастичниот Ентино Дејвис кој уфрли 38 поени во победата на Њу Орлеанс во Детроит (118:103).

Како и Хезоња и неговиот сонаордник, Шариќ беше најефикасен за својот тим. Шариќ уфрли 24 поени во победата на Филаделфија над Њујорк Никси со 108:92.

НБА резултати:

Детроит – Њу Орлеанс 103:118

Филаделфија – Њујорк 108:91

Бруклин – ЛА Клиперси 101:114

Чиканго – Орландо 104:101

Јута – Сан Антонио 101:99

Голден Стејт – Феникс 129:83

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…