Кошаркарите на Чикаго поведоа со 2-0 во победи во првото коло од плеј офот против Бостон откако ноќеска во вториот натпревар на гости ја постигнаа втората победа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Биковите“ победија со 111:97, а комплетната стартна петорка имаше двоцифрен број поени. Џими Батлер и Двејн Вејд реализираа по 22 поена. Следните два натпревара се играат на теренот на Чикаго, кој ќе има голема предност да стигне до четири победи и пласман во следната рунда.
На вториот дуел одигран ноќеска Торонто го совлада на домашен терен Милвоки со 106:100, а најпрецизен кај домашниот тим беше ДеМар ДеРозан со 23 поени. Милвоки е домаќин на двата дуела што следуваат.
На „Запад“ се одигра еден дуел и победа од 99:91 пред своите навивачи оствари и ЛА Клиперс во дуелот со Јута, а најмногу поени постигна играчот на „клиперси“ Блејк Грифин – 24.