Дома Останати Кошарка Видео: Хјустон до 16 победа во низа, Ентони Дејвис играч на вечерта, Јокиќ седнат на клупата!

Видео: Хјустон до 16 победа во низа, Ентони Дејвис играч на вечерта, Јокиќ седнат на клупата!

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни осум натпревари.

Лос Анџелес Клиперси на свој терен загуби од Њу Орлеанс Пеликанс со 121:116, но за нивна среќа директните конкуренти Денвер и Оклахома беа поразени.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Србинот Милош Теодосиќ прикажа солиден настап. За 29 минути на паркетот постигна девет поени, подели четири асистенции и украде четири топки. На другата страна Њу Орлеанс го имаше неверојатниот Ентони Дејвис кој уфрли 41 поен и украде 13 топки. Тобијас Херис и Лу Вилијамс беа најефикасните во редовите на Клиперси, двајцата уфрлија по 27 поени.


Хјустон продолжи со одличните настапи и на гостувањето во Оклахома. За „Рокетси“ ова беше дури 16 победа во низа. Во победата од 122:112 белскаа Крис Пол и Џејмс Харден. Пол натпреварот го заврши со 25 поени, а Харден додаде 23 и подели 11 асистенции. Иначе ова е втора најдолга низа на победи во клупската историја.

Расел Вестбрук беше најефикасен кај Оклахома со 32 поени, подели и седум асистенции, но изгуби девет топки.

Голден Стејт лесно излезе на крај со Бруклин Нетс 114:101. За „Вориорси“ ова беше шеста победа во низа и така ја продолжуваат трката со Хјустон за првото место на Западот. Стеф Кари беше расположен за игра и постигна 34 поени, Кевин Дурант додаде 19 и украде шест топки.  Во поразениот тим најефикасен беше Д’Анџело Расел со 22 поени.

За Никола Јокиќ повторно се зборува во американските медиуми, но овој пат не за некаков рекорд или достигнување туку за лошата игра во поразот на Денвер од Далас 118:107. Тренерот на Денвер Мајкл Мелоун воопшто не беше задоволен од залагањето на Србинот па Јокиќ кој е прва ѕвезда на тимот последната четвртина ја проследи од клупата за резерви.

„Една работа е да промашиш шут или да направиш грешки. Нешто целосно поинаку е да излезеш на паркетот и само да ги одработуваш минутите. Ако не си спремен да дадеш се од себе нема ниту да играш“, категоричен беше Мелоун по натпреварот.

НБА резултати

Шарлот – Филаделфија 114:128

Торонто – Атланта 106:90

Вашингтон – Мајами 117:113 (после продолженија)

Оклахома – Хјустон 112:122

Далас – Денвер 118:107

Портланд – Њујорк Никси 111:87

Голден Стејт – Бруклин 114:101

Лос Анџелес Клиперси – Њу Орлеанс Пеликанс 116:121

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ: Коленото ми беше полошо, не можев и да дишам…

Лука Дончиќ го водеше Далас до нова победа победа против Клиперс со која Мавс го вратија в…