Дома Фудбал Англија ВИДЕО: Хет-трик на Салах и еден атрактивен автогол, Ливерпул го прегази Бурнемоут

ВИДЕО: Хет-трик на Салах и еден атрактивен автогол, Ливерпул го прегази Бурнемоут

liverpool

16-тото коло од Премиер лигата беше отворено со натпреварот помеѓу Бурнемоут и Ливерпул на „Витали“ стадионот.

Ливерпул од самиот старт ја наметна својата игра, а доводсво стигнаа во 25-тата минута кога Салах ја искористи одбиената топка и го матираше Беговиќ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првото полувреме беше завршено со 0:1, а само што почна второто Ливерпул стигна до нов гол. Фирмино го пронајде Салах, кој со мала помош на Аке погоди за 0:2.

„Црвените“ до 0:3 стигнаа во 68-та минута кога Кук несреќно ја погоди сопствената мрежа, а конечните 0:4 ги постави Салах со неговиот трет гол во 77-та минута.

Ливерпул со оваа победа барем до завршувањето на натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Челзи ќе биде лидер на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп: Многу ми е жал. Се извинувам

Ливерпул претрпе голем удар за шампионските амбиции. Во градското дерби тој беше поразен о…