Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн стигна до голем јубилеј на мечот против Саутемптон и го постигна 200-от гол во кариерата, но „спарси“ останаа без бодови.
Хари Кејн постигна гол за водство на асистенција на Деле Али во првото полувреме и се чинеше дека гостите од Лондон лесно ќе стигнат до трите бода.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, во второто полувреме Саутемптон успеа да стигне до целосен пресврт и да освои големи три бода.
Најпрвин целата одбрана на Тотенхем потфрли, а Валери погоди за 1-1, а потоа Ворд-Прауз со фантастичен гол од слободен удар му донесе радост на домаќините.
Лестер оствари важна победа, прва под палката на Брендон Роџерс откако успеа да го победи Фулам со 3:1.
Фантастичен пресврт направи и Њукасл кој губеше со 0:2 дома од Евертон, но успеа да стигне до 3:2 и да ги освои трите бода.