Дома Останати Кошарка Видео: Харден со трипл-дабл го сруши Сан Антонио

Видео: Харден со трипл-дабл го сруши Сан Антонио

Дури 11 натпревари синоќа се одиграа во кошаркарската НБА лига, а оние кои оставија најголем впечаток се поразите на Оклахома и Сан Антонио како и големата победа на Њујорк.

Харден блескаше против Сан Антонио, поентираше, скокаше и разигруваше поради што Хјустон во дербито на тексас победи во Сан Антонио 101:99. Харден оствари трипл-дабл од 24 поени, 12 скокови и 15 аситенции, но имаше и осум загубени топки.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Њујорк Никс во „Медисон Сквер Гарден“ успеа да излезе како победник во големото дерби против Бруклин Нест. Гостите имаа предност сè до финишот на мечот кога Никси доминираше и на крајот стигнаа до голема победа. Кармело Ентони со 22 и Порзингис со 21 поен беа најзаслужни за оваа победа, додека кај поразената екипа центарското дуо Хамилтoн-Лопез постигна по 21 поен.

Голден Стејт го декласира Далас 116:95, а ударното трио на вицепрвакот постигна 20+ поени. Кевин Дурент 28, Стеф Кари 24, Клеј Томпсон 20 поени.

Резултати: Индијана-Филаделфија 122:115, Њујорк-Бруклин 110:96, Орлансо-Минесота 107:123, Вашингтон-Бостон 118:93, Шарлот-Јута 104:98, Атланта-Чикаго 115:107, Феникс-Детроит 107:100, ЛА Клиперс-Портланд 111:80.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Неверојатна партија на Јокиќ, погледнете го лудилото по кошот за победа на Денвер

ДЕНВЕР НАГЕТС се вратија од негатива од 20 поени во третата четвртина и го победија Лос Ан…