Дома Останати Кошарка НБА ВИДЕО: Харден збесна и ги уништи Лејкерси со 50 поени и трипл-дабл!

ВИДЕО: Харден збесна и ги уништи Лејкерси со 50 поени и трипл-дабл!

harden

Изминатата ноќ во НБА лигата беа одиграни четири натпревари.

Хјустон на свој паркет славеше против Лос Анџелес Лејкерси со резултат 126:111, а неверојатна вечер имаше Џејмс Харден.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Овој натпревар беше одлучен во самиот финиш кога Хјустон го „скрши“ отпорот на Лејкерси.

На крајот пресуди чудесниот Џејмс Харден кој го уништи Лејкерси со 50 поени и трипл-дабл со 11 асистенции и 10 скокови.

Одличен беше и Клинт Капел со 16 поени и 14 скокови, па така учинокот на Леброн Џејмс од 29 поени и Кајл Кузма од 24 поени на другата страна не донесе преголема корист за Лејкерси.

За Харден ова беше четврти трипл-дабл во кариерата кој го направи со 50+ поени и така се изедначи со Расел Вестбрук. Такво нешто направиле само уште Вит Чембрлејн и Елгин Бајлор (два пати).

Одлична ноќ имаше Варен кој со 30 поени го предводеше Феникс до победа над Далас Маверкис (99:89). Лука Дончиќ на другата страна имаше нешто по скромна ноќ со 13 поени, шест скокови и пет асистенции. Барнес беше најефикасен кај Далас со 15 поени.

Четврта победа во низа запишаа Сан Антонио Спарс кои сега славеа над ЛА Клиперси со убедливи 125:87.

Лемаркус Олдриџ имаше одлична ноќ со 27 поени со само две промашувања од игра (12 од 15), а се истакна уште Руди Гај со 21 поени. Кај Клиперси најефикасен беше Тобиас Харис со 17, додека Бредли и Галинари уфрлија по 15 поени.

Никола Вучевиќ со 26 поени и 10 скокови го предводеше Орландо до победа против Чикаго Булс (97:91), додека на другата страна Зак Лавин постигна 23 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…