Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: Халанд го матира ПСЖ, Атлетико со предност ќе патува во Ливерпул

Видео: Халанд го матира ПСЖ, Атлетико со предност ќе патува во Ливерпул

Домаќините Борусија Дортмунд и Атлетико Мадрид забележаа победи во првите осминафинални дуели во Лигата на шампиони, па со минимална предност ќе патуваат во Париз односно Ливерпул.

Исклучително возбудлив меч одиграа Борусија Дортмунд и ПСЖ, а на крајот се радуваа „милионерите“. Херој за германскиот клуб беше Ерлинг Халанд кој ги постигна двата гола, стрелец за ПСЖ беше Нејмар.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во првото полувреме видовме неколку возбудувања на двете страни, но мрежите мируваа. Во второто полувреме видовме три гола и тоа во период од десетина минути. Резултатот го отвори Халанд во 69-та минута, но 6 минути подоцна Нејмар израмни на 1:1. Сепак, Норвежанецот покажа дека е незадржлив и во 77-та минута со фантастичен гол донесе победа за милионерите.

Атлетико иако е во резултатска криза во Примера, сепак покажа дека никогаш не смее да се отпише, па вечерва славеше против европскиот шампион.

„Јорганџиите“ поведоа уште во 4-та минута со голот на Саул Нигез, а Ливерпул замина на одмор со минимална негатива благодарение на голманот Алисон.

Бразилецот со феноменална одбрана го спечи Мората да ја дуплира предноста на Атлетико во 25-та минута.

Во второто полувреме видовме неколку возбудувања на двете страни, но Ливерпул не успеа да ја анулира предноста на домаќинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…