Дома Останати Кошарка НБА ВИДЕО: Филаделфија се врати од -15, Леброн блиску до трипл-дабл – Лејкерси поразени, Марканен се врати и стана херој

ВИДЕО: Филаделфија се врати од -15, Леброн блиску до трипл-дабл – Лејкерси поразени, Марканен се врати и стана херој

lebron

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни 10 натпревари.

Тимот на Филаделфија после поразот од Рапторси се врати на победничките патеки и вчера во Детроит ги совладаа Пистонси со 111:117.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иако Пистонси на почетокот на третата четвртина имаа и +15 Филаделфија успеа да се врати и во последната четвртина да обезбеди победа.

Екипата од Филаделфија беше предводена од одличниот Џими Батлер со 38 поени, додека кај Детроит најефикасен беше Блејк Грифин. Грифин освен поените имаше учинок и од 12 скокови и 6 асистенции.

И Каваи Леонард имаше уште еден одличен настап во дресот на Торонто, но неговиот тим беше поразен во Бруклин после продолженија со резултат 106:105.

Кај Нетси најефикасен беше Д’Анџело Расел со 29 поени, додека Каваи Леонард натпреварот го заврши со 32 поени.

Лаури Марканен кој што туку се опорави од повредата вчера погоди шут за победа на Чикаго против Булс со резултат 114:112.

Марканен собра вкупно 24 поени, додека најефикасен кај Булси беше Лавин со поен повеќе.

Нов одличен настап имаше Леброн Џејмс, но тоа не им помогна на Лејкерси да го избегнат поразот во Сан Антонио.

Сан Антонио славеше победа со резултат 133:120 предводени од фантастичниот Демар Дерозан кој уфрли 36 поени (осум скокови и девет асистенции).

Кај Лејкерси Леброн запиша 35 поени, осум скокови и 11 асистенции, додека Кузма додаде 27 поени.

Голден Стејт славеше победа против Милвоки со 95:105. Најефикасен играч на натпреварот беше Антетокоунпо со 22 поени, освен тоа тој имаше 15 скокови и пет асистенции. Во редовите на Голден Стејт Кари и Томпсон уфрлија по 20 поени.

НБА резултати:

Шарлот – Денвер 113:107

Детроит – Филаделфија 111:117

Орландо – Индијана 90:112

Бруклин – Торонто 106:105

Кливленд – Сакраменто 110:129

Чикаго – Оклахома 114:112

Њу Орлеанс – Мемфис 103:107

Сан Антонио – Лос Анџелес Лејкерс 133 – 120

Феникс – Мајами 98:115

Милвоки – Голден Стејт 95:105

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…