Дома Останати Кошарка Видео: Филаделфија и Мајами до очекувани победи, Њу Орлеанс предводен од Ентони Дејвис стигна до „брејк“

Видео: Филаделфија и Мајами до очекувани победи, Њу Орлеанс предводен од Ентони Дејвис стигна до „брејк“

Изминатата ноќ во НБА лигата беа одиграни три натпревари.

Торонто ја оправда улогата на фаворит против Вашингтон со 114:106, Филаделфија го надигра Мајами со 130:103, а Њу Ореланс направи брејк и дојде до победа против Портланд на гостински терен.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Торонто и Филаделфија иако не им беше лесно може да се каже дека стигнаа до очекувани победи.

Вашингтон како осмопласиран тим на истокот му се закани на Торонто и водеше на полувремето со 59:55. Сепак, Рапторси во вториот дел ја вратија контролата на натпреварот запишаа победа.

Серж Ибака беше најефикасен со 23 поени 12 скокови, Демар Дерожан додаде 17 поени и шест асистенции, Ануноби и Си Џеј Мајлс уфрлија по 12, а Кајл Лаури 11 поени и 9 асистенции.

Најубедливата победа ја оствари Филаделфија, но на полувремето против Мајами не им одеше баш најдобро – Мајами имаше предност од четири разлика. Во вториот дел домаќинот заигра подобри и уфрли дури 74 поени со што стигна до победата.

Важно е да се напоменене дека до победа Филаделфија стигна без својот најдобар играч Џоел Ембид.

Најефикасни беа Џеј Џеј Редик со 28 поени, Дарио Шариќ со 20 и шест скокови, Марко Белинели со 25 поени, на другата страна Олиник стигна до 26 поени и пет скокови.

Резултатски најинтересен беше натпреварот помеѓу Портланд и Њу Орлеанс каде што Пеликанси стигнаа брејк и победа на гостински терен од 95:97 и тоа без Демаркус Казинс.

Њу Орлеанс беше предводен од Ентони Дејвис кој броеше до 35 и 14 скокови, покрај тоа додаде четири блокади и две украдени топко. Зад него следуваа Холидеј со 21 поен и Никола Миротиќ со 16 поени и 11 скокови.

НБА резултати

Торонто – Вашингтон 116:106 (1:0)

Филаделфија – Мајами 130:103 (1:0)

Портланд – Њу Орлеанс 95:97 (0:1)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Евролигата не простува: Го суспендираше Теодосиќ и му изрече голема парична казна

Кошаркарот на Црвена звезда, Милош Теодосиќ, доби суспензија од Евролигата поради неговото…