Дома Останати Кошарка Видео: Тројките на Богдановиќ не беа доволни против најдобиот тим, трипл-дабл на Вестбрук и пораз на Оклахома

Видео: Тројките на Богдановиќ не беа доволни против најдобиот тим, трипл-дабл на Вестбрук и пораз на Оклахома

nba

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа девет натпревари.

Србинот Богдан Богдановиќ имаше прилика да почуствува како е да се игра против шампионскиот тим на Голден Стејт кој славеше во натпреварот против неговиот Сакраменто 104:119.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Богдановиќ воопшто не беше лош против Вориорсите, постигна 12 поени, запиша три скока, шест асистенции и три украдени топки. На паркетот помина 28 минути, а шутот за три му беше 44% што секако не е лош процент.

Покрај Богдановиќ се истакна Зек Рендолф со 18 поени. На другата страна најрасполжени играчи беа Кевин Дуран 33, Стеф Кари 23, Клеј Томпсон 20, Дрејмонд Грин уфрли 13 поени, додаде девет скокови и шест асистенции.

Натпреварот помеѓу Оклахома и Њу Орлеанс Пелкинас заврши со победа на гостите 100:114.

Расел Вестбрук во овој натпревар дојде нов трипл-дабл, имаше 16 поени, 10 скокови и 14 асистенции. Но и шут од игра 7/21, што се премногу потрошени топку.

На другата страна одлична вечерв имаше Ентони Дејвис кој стигна до убиствен дабл-дабл 43 поени и 10 скокови. Таквиот негов настап, покрај 26 поени на Мур на Пеликаните им донесе важна гостинска победа.

НБА резултати:

Шарлот – Индијана 133:126

Бостон – Аталанта 119:110

Бруклин – Лос Анџелес Лејкерс 99:102

Торонто – Портланд 130:105

Милвоки – Њу Јорк Никси 92:90

Филаделфија – Мајами 103:97

Оклахома – Њу Орлеанс  100:114

Феникс – Јута 97:129

Сакраменто – Голден Стејт 104:119

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…