Дома Останати Кошарка Видео: Трипл-дабл и тројка со звукот на сирената за Весбрук, Леброн одличен Кавси поразени, Кари играч на вечерта

Видео: Трипл-дабл и тројка со звукот на сирената за Весбрук, Леброн одличен Кавси поразени, Кари играч на вечерта

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа шест натпревари.

Кошаркарите на Оклахома славеа над Сакраменто со 110:107, а одлувачките поени за победа ги постигнат Расел Вестбрук во последната секунда од натпреварот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Оклахома фуриозно го отвори натпреварот против Кингси, а веќе после првата четвртина водеше со 44:21. Во продолжение предноста се намалуваше, па на полувреме се замина со резултат 67:60 во корист на гостите.  Во третата четвртина Сакраменто успеа и да поведе со пет разлика 90:85. Сепак во драматичниот финиш Расел Весбрук постигна тројка со звукот на сирената за победа.

Вестбрук на овој натпревар стигна и до својот 18 трипл-дабл во сезоната (17 поени, 15 скокови и 11 асистенци). Најефикасен во тимот на Оклахома беше Пол Џорџ со 26 поени, седум украдени топки и осум асистенции, додека Кармело Ентони запиша 23 поени.

Богдан Богдановиќ во тимот на Сакраменто помина 18 минути на теренот, но постигна само четири поени, додели две асистенции и изгуби пет топки. Зек Рендолф беше најефикасниот во редовите на Кингси со 29 поени 12 скокови, Бади Хил додаде 19, а Темпл и Картер натпреварот го завршија со по 13 поени.

Шампионот Голден Стејт славеше против Клиперси со резултат 134:127, а еден од најдорбите настапи го имаше Стеф Кари.

Кари беше фантастичен, погодуваше од сите позиции, а натпреварот го заврши со 44 поени за 36 поени со одличен шут 14/19 од игра, 8/11 за три поени и со 100% учинок од линијата за слободни фрлања 8/8. Покрај тоа додаде уште шест скокови, подели девет асистенции и украде две топки.

Кевин Дурант застана на 21 поен и осум асистенции, Томпсон додаде 19, додека Дрејмонд Грин броеше до 13.

Тобијас Харис беше најефикасниот во Клиперси со 22 поени, Лу Вилијамс стигна до дабл-дабл од 19 поени и 11 асистенции, по 15 поени уфрлија Галинари и Монтерези, Деандре Џордан имаше 14 поени и 14 скокови, а ист број поени постигна и Остин Ривер.

Српскиот плејмејкер Милош Теодосиќ запиша 14 поени и подели две асистенции.

Кошаркарите на Вашингтон славеа против Кливленд со 110:103. На Кавси не им помогнаа ниту 32 поени на Леброн Џејмс кој беше блиску до трипл дабл (девет скокови и осум асистенции), покрај него во тимот од Охајо двоцифрени беа уште Џеј Ар Смит со 15 поени и Тристан Томпсон со 12 поени и девет скокови.

Во победничкиот тим Бредли Бил уфрли 18 поени и запиша девет асистенции, а зад него следуваа Кели Обре и Томаш Саторански со по 17 поени.

НБА резулати:

Шарлот – Бруклин 111:96

Орландо – Њујорк Никси 113:120

Чикаго – Филаделфија 115:116

Кливленд – Вашингтон 103:110

Сакремнто – Оклахома 107:110

Голден Стејт – Клиперси 134:127

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Американците бараат суспензија за Јокиќ

Кошаркарите на Денвер Нагетс ја забележаа втората победа во серијата против Лос Анџелес Ле…