Дома Останати Кошарка НБА Видео: Трилер во Њујорк, лесни победи на Мајами и Индијана

Видео: Трилер во Њујорк, лесни победи на Мајами и Индијана

Само четири натпревари беа на програмата синоќа во НБА лигата,а најинтересниот се одигра во Њујорк каде домаќинот после продолженија беше поразен од Њу Орлеанс.

Њујорк во својот „Медисон Сквер гарден“ во текот на целиот натпревар имаше предност и се чинеше дека сигурно ќе стигне до победата, но на крај Њу Орлеанс се врати и во мечот и славеше со 118-123.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Гостите до триумфот беа предводени од одличниот Ентони Дејвис кој мечот го заврши со 48 поени, 17 скока како и четири украдени топки и три блокади и заедно со Џру Холидеј и Демаркус Казнс беше најодговорен за победата на Пеликанс.

Резултати:
Мајами – Милвоки 97:79
Феникс – Индијана 97:120
Минесота – Портланд 120:103
Њујорк – Њу Орлеанс 118-123

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Балканска доминација во НБА: Познати имињата на тројцата кандидати за МВП наградата

НБА лигата ги објави имињата на тројцат кандидати за МВП во регуларниот дел од сезоната. П…