Барселона во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите на свој терен го совлада Спортинг со 2:0 и така како прволасирана се пласираше во нокаут фазата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде малку го одмараше Лео Меси кој во игра влезе во 61 минута од средбата. Спортинг после овој пораз остана на третото место и ќе го продолжи натпреварувањето во Лигата на Европа.
Тренер на Спортинг, Хесус, човекот кој стана познат по водењето на Бенфика, а неговата реакција во вчерашниот натпревар го воодушеви целиот свет.
Хесус прво при влегувањето на Меси покрај аут линијата нешто му дофрлаше на Аргентинецот, а после натпреварот сакаше и да го поздрави, но како премногу да се опушти и довикуваше: „Мали, мали“. Меси на почетокот го игнорираше, но потоа се поздрави.
„При влегувањето на теренот му дофрлив: „Полека, немој нас да не убиеш“. Меси не е само голем фудбалер, тој е и голем господи. Екипата која го има него едноставно е поблиску до победата“, изјави Хесус.