Дома Останати Кошарка ВИДЕО: Торонто ги „прегази“, Лејкерси ја одиграа најлошата четвртина во историјата!

ВИДЕО: Торонто ги „прегази“, Лејкерси ја одиграа најлошата четвртина во историјата!

lebron

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни седум натпревари, а најголемо внимание привлекува неславниот рекорд на ЛА Лејкерси.

Торонто против Лејкерси славеше победа 107:121 и тоа без услугите на Каваи Леонард.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фантастичен беше Серж Ибака кој уфрли 34 поени и до третата четвртина не промаши ниту еден шут. Торонто буквално ги разби Лејкерси и во првата четвртина имаа предност од 31 поен.

Овој пораз само ќе го зголеми притисокот на тренерот Волтон, иако Меџик Џонсон изјави дека работата му е сигурна до крајот на сезоната. Леброн уфрли 18 поени, имаше и шест асистенции, но играше помалку од половина час.

Клучна во овој пораз на Лејкерси беше првата четвртина која ја изгубија со 17:42 и ова е најлошата четвртина во историјата на Лејкерси. Ова доволно зборува за тоа колку лошо изгледаше тимот на Волтон во тие моменти на паркетот.

https://www.youtube.com/watch?v=8KIkWlFzQp8

НБА резултати

ЛА Лејкерси – Торонто 107:121

Портланд – Минесота 111:81

Феникс – Мемфис 102:100

Сан Антонио – Орландо 110:117

Вашингтон – Њујорк 108:95

Милвоки – Сакраменто 144:109

Бруклин – Филаделфија 122:97

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…